Во 2001 година Рубикон ја изведе првата Форум театарска претстава во нашата држава, а оттогаш до сега се одиграни повеќе од 600 изведби, каде учествувале ученици, деца во социјален ризик, студенти и наставници. Во овие претстави се прикажуваат реални ситуации пред публика, во која, во зависност од темата која се презентира, во публика се поканети претставници од повеќе институции, како: МВР, МОН, БРО, ЦСР, Локална самоуправа, бизнис – секторот, граѓански (домашни и странски) организации, медиуми и други, кои се тесно поврзани со темата.
Оваа техника овозможува гласно говорење и анализирање на проблемот кој се третира на сите нивоа и поттикнување акција за позитивни промени. Преку овој процес се подигнува свесноста за фактичката состојба, како и степенот на индивидуална одговорност и проактивност кај сите присутни со цел да се постигна позитивно влијание во заедницата.
Целни групи во проектните активности се наставниот кадар од средни и основни училишта, стручни служби и менаџмент, воспитувачи, вработени во пенитенцијарниот систем (затворска полиција и стручен тим), осудени лица, ученици, претставници на Локална самоуправа, Центар за социјална работа, МВР – одделението за превенција, Министерство за образование, Биро за развој на образованието, здруженија на граѓани итн.
Обуките ги изведуваат професионални тренери со децениско искуство во развивање на потенцијалите на човечките ресурси и меките вештини на вработените. Нашата репутација потекнува од дизајнирање и водење на нарачани инспиративни програми кои ги зајакнуваат младите и вработените, развиваат вештини и го зголемуваат ангажманот.
Горди сме на членовите на нашиот тим, кои се пионери во зајакнување на индивидуалните и организциските капацитети кај вработените во сите сектори.
Обучувачите се активно вклучени во реализирање на работилници и едукации за деца и млади, со деца од ранливи категории, деца во социјален ризик. Во последните години, дел од тимот е активно вклучен и во пенитенцијарниот систем во едукација на осудени лица, затворска полиција и стручна служба.
Претседател
Тренер
Тимот на Рубикон има реализирано повеќе активности во изминативе години, кои имаат сличности со предложениот проект.
Во 2022 година, преку Биро за развој на образованието, Рубикон обезбеди 40 обучувачи и креираше два модули за обука на наставен кадар од основните училишта на национално ниво:
• Справување со врсничкото насилство и кибер насилство
• Разрешување конфликти со ученици меѓу учениците
Во последните 3 години, на тема „Превенција, пријавување и справување со врсничко насилство“ опфатени се 20 училишта, 8500 ученици и 600 наставници во целата држава.
Во 2022, проектот „Градење личен интегритет и превенција од корупција“ имаше цел да создаде систем за интеграција на антикорупциското образование во наставната програма на средните училишта.
Цели на проектот беа:
• Подобрување на разбирањето на учениците за темата корупција како и важноста на личниот интегритет
• Стекнување на вештини на учениците за препознавање и пријавување коруптивни практики во училиштата
• Зајакнаување на кадровската транспарентност, одговорност и професионални стандарди на училиштето
• Зајакнување на свеста на директорите и наставниците за спречување на корупцијата во училиштата
• Дијагностицирање на проблемите со корупцијата и користење на наодите како референца за формулирање на понатамошни антикорупциски проекти и активности во училиштата
• Увид и анализа на фактичката состојба со корупција, непотизам и почитување на професионални стандарди во средните училишта
Целна група на проектот беа 180 наставници и директори и 72 средношколци.
Во 2021 година Рубикон за прв пат ја опфаќа темата мобинг во образовниот процес преку проектот „Образованието е (при)сила – образованието е (не)моќ“
Во 2022 година преку програмата за Мировно образование на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, опфатени се 40 наставници од средно и основно училиште. Учесниците се дел од долгогодишен циклус на неформално образование на повеќе теми, а Рубикон е вклучен во препознавање, превенција и справување со мобинг во образовниот процес.
Реализирани активности:
• Обука за Форум театар на наставници
• Подготовка на форум театарска претстава
• Изведба на 3 Форум театарски претстави во Скопје и Берово
Нашите програми за обука се организирани и спроведени како серија работилници кои се поврзани со главните приоритети и предизвици на учесниците. Програмите се ориентирани кон постигнување на долгорочни цели и фокусирани на создавање на одржливо однесување за да се овозможи позитивна промена и успех на личен и тимски план.
Со комбинирање на докажаните методи со ангажирачки активности, дизајнирани специфично за потребите на опфатената целна група, се овозможува уникатно сознајно искуство прилагодено на стилот на учење на учениците и возрасните. Со употреба на визуелни елементи, студии на случај и интерактивни вежби, учесниците се активно мотивирани да го вклучат својот ум и тело, да размислуваат надвор од рамките и да го развијат своето разбирање за динамиката на личниот и тимски ангажман.
Нашите наставни и содржински стратегии постојано ги развиваме со цел да ги поддржат потребите на современите клиенти. Инвестираме во проучување на учењето кај возрасните, за да осигураме дека нашите методи се делотворни и ангажирачки за учесниците, да ги задоволат потребите на современиот вработен, да бидат ефикасни во менувањето на однесувањето и во придвижување кон мерливо подобрување на индивидуалниот и органзиацискиот развој.
Активен метод на работилница – Искуствено учење
Користиме диференциран пристап во дизајнирањето на содржините, од една страна адекватен избор на техники за пренесување на содржинските информации, а од друга страна, за да може да се направи поврзување на емоциите, доживувањата, осознавањето и искуството. Поврзувањето со искуството и со примената во секојдевниот живот е добра основа за прифаќање на содржините и стекнување на чувство на релевантност за секој учесник. Тренинг модулите го имплементираат учењето низ искуство, при што се врши преврамување на досегашните искуства на учесниците и се комбинираат со новите искуства доживеани низ структурираните активности преку двонасочен проток на информации.
Во спроведување на обуката се изведуваат интерактивни, тематски вежби каде што се дава критички осврт и се овозможува слободно изразување на ставови, работа во групи за поттикнување на тимскиот дух и практични предизвици и задачи за целиот тим во насока на унапредување на тимското функциоирање и кохезивност. Работилниците се реализираат преку фасилитирање на процесот на учење: вежба >> фасилитирана дискусија поткрепена со теорија >> заклучоци преку споделување. Овој начин на едукација им нуди драгоцено искуство на учесниците и взаемно учење низ делување.
Сесиите вклучуваат индивидуална работа, работа во мали групи, големи групни дискусии, „мини-предавања“ и презентации, работа на примери, игра на улоги, кратки видеа и симулација на ситуации.
Во изминативе 3 години, активностите на Рубикон се поддржани од МОН и БРО. Со кабинетот на Вицепремиерката Славица Грковска реализиравме заеднички зактивности со средношколци на тема градење личен интегритет и превенција од корупција. Вицепремиерката директно учествуваше во неколку работилници, а организираше посета на средношколци во Влада на СРМ, реализирајќи симулација на владина седница со средношколците.
Здружението Рубикон веќе има остварено соработка со Општина Кочани преку обука за подготовка на волонерите вклучени во организација на фестивалот ДАФ. Остварена е соработка и со средното училиште Љупчо Сантов, каде беа реализирани обуки за градење личен интегритет и превенција од корупција со ученици и наставници. Во следните проектни активности се планира проширување на целната група и опфаќање на другите училишта, локалната самоуправа и дел од бизнис секторот и институциите.
Learn how access to clean water can improve health, boost local economies.
Learn how access to clean water can improve health, boost local economies.
Learn how access to clean water can improve health, boost local economies.