“Социјална инклузија на деца и млади од економски неразвиени подрачја“
Категорија:
Времетраење:
Социјална инклузија
2001 - 2005
Донатор: Чекор по чекор, ИТЗ – Институт за трајни заедници и Руската Амбасада
Цели: • Социјализација на децата од социјален ризик со децата во заедницата • Јакнење на социјални вештини • Детски права • Превенција и справување со врсничко насилство • Поттикнување креативност преку креативни работилници – ликовни творби (изработка на гипс, глина, мозаици) • Обука на дел од наставниот кадар – „Комуникациски вештини, разбирање и разрешување конфликти, вештини за работа со деца во ризик...“ • Реализација на јавна изложба во Културниот Центар во Куманово • Реализација на продажна изложба во МКЦ Скопје, со цел обезбедување сретства за првиот летен одмор на децата (линк на ytube) • Реализација на летн одмор во камп „Крсте Јон, Струга • Реализација на документарен филм за животот на децата од интернатот
Целна група: 80 ученици од ОУ Гоце Делчев, с. Љубанци и штитениците на интернатот – 20 деца од социјално загрозени семејства.
Училиштето Гоце Делчев се наоѓа во село Драгоманце, а учениците кои живеат на оддалеченост од 5-10 км беа сместени во интернатот од понеделник до недела. Дел од нив никогаш не биле до најблискиот град Куманово ниту пак на летен одмор. Благодарение на проектните активности, голем дел од ндецатаив за прв пат видоа езеро.
Во текот на целиот проект, Рубикон имаше секојдневна соработка со Амбасадорот на Руската федерација.